Маричиќ: Не се обврзавме со конкретни рокови, ми замерија дека премогу сум форсирал да побрзаме

од Nikola Popovski

Вторник е ден за редовна седница на Влада, ќе видиме и ќе разгледуваме во која форма ќе се дејствува понатаму. Ние не се обврзавме со конкретни рокови. Ми замерија и јавно дека премногу сум форсирал да побрзаме, но ние чекаме веќе 17 години. Во ситуација кога имаме предлог кој што навистина излегува во пресрет на сите наши забелешки на првичниот француски предлог, мислам дека е пакетот кој што вреди сериозно да се разгледа и момент кој што треба да се процени, за да ги убедиме и останатите и граѓаните, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебата со уредници од неколку телевизии.

Маричиќ потенцира дека доколку пакетот биде прифатен, Бугарија ќе се потпише на Договорот за Фронтекс со македонски јазик за заштита на нашата граница.

-Сега и во иднина, оваа еднострана изјава на Бугарија на никој не може да го компромитира македонскиот јазик по ниту една основа и никаде, рече Маричиќ.

Слични содржини