Маричиќ: Судењата на отворено би биле комплицирани во овој период

од Nikola Popovski

Министерот за правда, Бојан Маричиќ за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека судењето на отворено  би било малку комплицирано во наредниот период.

„Јас се согласувам со предлозите на Јовески и не велам не. Мислам дека има начини се да се реши. Дали со специјални простории на судот, во кој што ќе присуствуваат сведоците или нешто поразлично, ќе видиме. Целта е да не се собираат многу луѓе во иста просторија во исто време. Тоа е идејата на онлајн судењето, а не некој да седи дома или под притисок. Ќе ја тераме идејата до крај со фелата. Ако целиот образовен систем се префрлува онлајн, ако Владата почна да работи на ист начин, не гледам зошто и судските процеси не би се одржувале вака“, вели Маричиќ.

loading...

Слични содржини