Маричиќ за „Дело”: Верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог

од Берта Китинска

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ посочува на дека прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности и принципи.

-Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности и принципи.Верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е.Ние сме спремни за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но исто така сме спремни тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет, вели Маричиќ.

Слични содржини