Маричиќ за денешниот марш: Се борат за спас на сопствената кожа

од Vladimir Zorba

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на „200“ на ТВ Алсат изјави дека нема равенство на објавените снимки објавени од пратеникот на опозицијата, Антонијо Милошоски и „бомбите“ на СДСМ, бидејќи тие биле од прислушувани 26.000 разговори на граѓани, а доставените од Милошоски биле од состанок сниман за нечиј интерес.

„Мафијата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да зададе последен удар врз судството“, вели Маричиќ.

„Во снимката која ја слушна јавноста извадени вон контекст со некакви реченици кои ги вади се докажува дека беше неопходно да се донесе ЗЈО, дека без тој Закон некој ќе толкуваше дека случаите на СЈО може да паднат и да се укажува дека поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски правел проблем во однос на овие слчаи. Се работи за борба за одбрана да одговара мафијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски и Мицкоски.“, вели

За денешниот протест, Маричиќ вели дека тоа е протест на мафијата и е протест за амнестија.

„Кога мафијата на ВМРО ДПМНЕ сфати дека нема да им успее да го спречи носењето на Законот за Јавно обвинителство, бара начин како да го компромитира процесот и да се спаси од случаите во кои одговараат. И не е случај само Антонијо Милошоски, туку и во емисијава во која дебатираме имаме адвокат Панче Тошковски кој е бранител на обвинетите во предметите на СЈО. Значи сите во ВМРО ДПМНЕ имаат личен интерес да го уништат овој процес и затоа протестот е трагикомичен”, смета Маричиќ.

Тој ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека немаат мерка колку лаги можат да изустат само за да ја извртат вистината во своја корист.

„Ние протестиравме против заробената држава од страна на правосудството, денешниот марш е марш за амнестија, се борат само за спас на сопствената кожа. Овој марш е за амнестија на Груевски. Ниту еднаш нивниот лидер не се дистанцираше од настаните на 27 април, уште насилниците ги викаат бранители на уставот, никогаш не рекоа дека овие луѓе се одговорни. ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека власта не е тука за да гони, тоа го прават обвинителството и судството, тоа клучната разлика од тогаш до денес”, изјави Маричиќ.

Слични содржини