Маричиќ: Македонската младина е европска младина, ја сакаме ЕУ бидејќи ни носи механизми за подобро општество

Тој додаде дека не смееме да се откажеме од нашата европска иднина и ако работиме заедно и за членството во ЕУ ќе бидеме посилни.

од Бети Божиноска

„Македонската младина е европска младина. Сме покажале повеќе пати на дело дека знаеме и умееме да бидеме европјани на дело. Ја сакаме ЕУ, не затоа што е некаква бајка или убава приказна, туку затоа што носи механизми како да сме подобро општество, да искористиме повеќе прилики и да учиме бесплатно на најдобрите универзитети во Европа и тоа знаење да го вложиме во нашиот развој и кариера“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на инфо сесијата „ЕУ за младите“.

Тој додаде дека не смееме да се откажеме од нашата европска иднина и ако работиме заедно и за членството во ЕУ ќе бидеме посилни.

„Сите нации, сите држави кои влегоа во ЕУ денес ни се пример и нашите работат таму“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот раскажа дека при посета на Делчево, локалните жители кажале дека преходно само 10 отсто од младите оделе да студираат во Бугарија, а денес речиси сите одат таму.

„Тоа ни е сигнал не дека Бугарија е подобра од нас сама по себе, туку развојот донесен таму од ЕУ довел до таа точка да биде посакувана дестинација за студирање“ рече Маричиќ.

Слични содржини