Маркез ја освои титулата во МотоГП

од Vlatko K

Шпанецот Марк Маркез триумфираше со титулата во МотоГП по освојувањето на трката на патеката „Мотеги“ во Јапонија. Пилотот на Хонда го обезбеди првото место во шампионатот предвремено и стана најмладиот петкратен шампион во највисоката класа, откако на тој начин се изедначи со легендата Мајк Дуан. Пред него се Валентино Роси и Џакомо Агостини.

Успехот во Јапонија беше осми од почетокот на сезоната за Марк Маркез, кој денес започна од шестата позиција. Условот за титулата денес беше да не губи повеќе од бод од Андреа Довициозо, пред кого беше со предност од 77 поени.

Довициозо почна од пол-позиција и ги предводеше колоните на четири круга пред крајот. Меѓутоа, во решавачкиот момент, пилотот на Дукати падна и на тој начин го пушти Маркез пред себе.

„Се чувствувам совршено. По трката на „Арагон“ чувствував дека сум шампион и дека ова е мојата година. Многу е убаво да се освои титулата уште при првата шанса, па „Мотеги“ е одлично место тоа да се случи. Го следев Андреа и бев изненаден што падна и не е на подиумот, бидејќи тој заслужува“, рече Марк Маркез по финалето.

Слични содржини