Масовна тепачка во училиште во Берлин: Повредени 49 лица, скршена рака на директорката

од Stefanija Kuzmanovska

Во масовна тепачка меѓу ученици, наставници и полицајци во училиште во Берлин, повредени се 49 лица. Според полицијата, тепачката се случила од сосема банални причини.

Прво се степале четворица тинејџери, потоа бил употребен иритирачки гас, а епилогот од тепачката бил 49 повредени лица.

Во училиште во Нојкелн толку ескалирала банална кавга меѓу млади што дури и директорката завршила во болница.

52-годишната директорка на училиштето, која сакала да ги раздвои скараните ученици, била турната и ја скршила раката, јави локалната полиција, пренесува „Велт“.

Во оваа тепачка биле нападнати и други наставници и полицајци. Учениците испрскале пепер спреј, поради што вкупно 49 деца и наставници претрпеле иритација поради што добиле лекарска помош.

Слични содржини