Масовни журки на плажите без маска и дистанца, за неколку дена ќе се знае дали Охрид ќе биде нов ковид кластер

од Берта Китинска

Масовни журки на плажите без маска и дистанца, купишта отпад ваква е сликата деновиве во Одхрид.

Непочитувањето на мерките и можноста за повторно ширење на вирусот во ова туристичко место ги загрижија властите.

На социјалните мрежи викендов се споделуваа фотографии од Охрид на кои можеше да се забележи дека не се почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.

Против неколку сопственици на угостителски објекти на плажите во Градиште ќе бидат поднесени кривични пријави поради воочени неправилности и непочитување на здравтевните протоколи, најави Пазарниот инспекторат.

До доцните часови туристите, а посебно младите се забавувале и на атрактивни локации околу езерото, а сметот од пијалоците и храната го фрлале во вода или на градскиот кеј, пристаништето во парковите. Од Охридски комуналец велат едвај и во три смени постигнуваат целосно да го исчистат туристичкиот центар.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил уште еднаш упати апел до граѓаните дека треба да се почитуваат мерките.

-Ти си на одмор, но вирусот не е! Редовно миј ги и дезинфицирај ги рацете, одржувај физичка дистанца и носи заштитна маска. Само преку почитување на мерките може да го запреме ширењето на ковид-19. Да бидеме совесни и да се грижиме и за здравјето на најблиските околу нас, напиша Филипче.

Слични содржини