Материјалните видео докази на обвинителството во случајот против д-р Жан Митрев го побиваат обвинението

од Vladimir Zorba

Обвинителството на последното рочиште презентираше дел од материјалните докази со кои целосно се побива обвинението. Обвинението за д-р Митрев се однесува за сторена измама со доведување на пациентите во заблуда, дека биле заведени дека хемофилтрацијата е лек против Ковид 19.

Но, во презентираните докази се гледа дека д-р Митрев јасно кажува дека хемофилтрацијата не може секому да помогне.

Во еден од доказите, во емисија „Само вистина“ емитувана на 12.12.2020 на Канал 5, доктор Митрев кажува: Група пациенти кои ги преземаме од други болници и многу пациенти кои непотребно се третирани со многу антибиотици непотребно, таа група пациенти е најтешка група и каде што веќе не хемофилтрација туку што и да правите е веќе толку напреден процесот, ние во добар дел тие луѓе ги стабилизираме, метаболно и со сите други параметри, но штетата направена на плуќата и поготово во однос на активираниот процес на коагулација е буквално невозможно да го поправите“.

И покрај тоа што и овој презентиран дел од доказот, д-р Митрев јасно кажува дека хемофилтрацијата не е успешна за секого, обвинителството не го презентираше доказниот материјал во целост каде што д-р Митрев понатаму во емисијата вели: Јас не велам дека секој пациент ќе го ставиме на филтер и тоа е чаробното стапче, меѓутоа кај огромен број тоа е единствената шанса да им се помогне.“

Иако на претходното рочиште, на обвинителката судот и нареди сите докази да се читаат во целост заради запазување на начелото на непосредност и почитување на Законот за кривичната постапка – член 392 став 4, сепак на последното одржано рочиште ова не беше сторено и доказите се презентираа парцијално.

Слични содржини