Медиуми: Која од ќерките на Путин ја примила вакцината?

од Nikola Popovski

Веста за руската вакцина против коронавирусот, која ја објави рускиот лидер Владимир Путин, нагласувајќи дека неговата ќерка исто така ја примила вакцината, брзо се прошири низ целиот свет, а медиумите сега шпекулираат за тоа која од неговите ќерки била вакцинирана.

Путин никогаш не ги кажал имињата на своите деца во јавност и никогаш не го коментирал неговиот приватен живот. Во едно интервју, тој рекол дека не сака неговите деца да растат пред камерата и дека сака тие да растат како нормални луѓе. Сепак, малку е познато за неговите деца.

Познато е дека тој има две ќерки, Катерина и Марија од неговиот брак со Лудмила, од која се разведе во 2013 година. Според РТЛ, некои извори наведуваат дека „вакцинираната ќерка“ би можела да биде Марија.

Марија Воронцова е најстарата ќерка на Путин, родена 1985 година во Санкт Петербург. Таа се занимава со детска ендокринологија и е во брак со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.

Марија неодамна дала интервју за здравствената установа Номеко, најголемиот проект за приватна инвестиција што ги истражува современите методи на лекување на рак. Таа тогаш рекла дека е сосопственик на таа институција, која според News.com.au, вреди 913 милиони долари.

Катерина Тихонова е втора ќерка на Путин и има 33 години. Таа се занимава со акробатски танц и работа на универзитетот во Москва. Омажена е за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се развеле во 2018 година. Фотографиите на ќерките на Путин никогаш не биле официјално објавени, пренесува Danas.hr.

Слични содржини