Медиумите ги спуштија камерите на земја, Бочварски им се извини на новинарите

од Берта Китинска

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред почетокот на прес-конференцијата во Клубот на пратениците каде се одвиваше средбата со неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и со туроператорите од двете држави уапти извинување до новинарите.

„За каков било ненамерен пропуст што се случил при денешната посета и средба меѓу нас и бугарските колеги би сакал да се извинам“, рече денеска Бочварски.

Бочварски истакна дека ќе има уште многу настани како денешниот кои ќе бидат прилика владите и институциите да ги поправат сторените пропусти.

На прес конференцијата, во знак на револт, медиумите ги спуштија камерите на земја пред министерот.

Слични содржини