Меган Фокс спречи да падне крв! Нејзиното момче се спаси од ќотек од Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Меган ФОкс е секако една од ретките жени од светската јавна сцена на која и е дозволено да се појави во какво и сака издание, и да има апсолутно секој милиметар на свое место и да изгледа моќно и фатално, наместо ефтино и вулгарно.

Токму затоа сите зборуваат за аутфитот на Меган Фокс (35), која дојде на наградите на МТВ ММА во придружба на нејзиното момче, музичарот Машин Ган Кели (31), со кого привлекуваат внимание со месеци, каде и да се појават.

Една од најжестоките дами меѓу актерките на црвениот тепих се појави во целосно проѕирен фустан под кој јасно се гледаа нејзините гаќи, а го истакна и своето бујно деколте.

Нејзиното момче, кое исто така се појави во импресивно издание, не можеше да ги тргне рацете од неа, но не беше се така мирно и весело во текот на ноќта.

Имено, во еден момент имаше речиси сериозна расправија, бидејќи УФЦ борецот Конор Мекгрегор, кој сакаше да се пресмета со него!

МекГрегор беше со својата сопруга Ди Девлин, а конфликтот настана кога Конор наводно побарал од Машин Ган заедничка фотографија, а овој одбил.

Почнале меѓусебни навреди, а ситуацијата ескалирала до тој степен што Кели го турнал Мекгрегор, кој се сопнал и го истурил пијалокот. Од она што остана во чашата, го истури врз Машин Ган, а потоа насилно се придвижил кон него.

Ситуацијата ја смири Меган, која храбро застана помеѓу нејзиното момче и Конор, кои викаа еден на друг.

Во тој момент влезе и обезбедувањето, а за среќа, инцидентот заврши само со вербални навреди и лесен физички контакт.

Слични содржини