Меган и Хари заминаа од Канада: Еве каде престојуваат сега

од Elena Daskalova

Меган Маркл и принцот Хари заминале од нивниот дом во Ванкувер и сега се во САД, поточно во Лос Анџелес, каде Меган има свој дом.

Засега, наводно се изолирани бидејќи патувале во време на пандемија. Иако тие од почетокот најавуваа дека ќе заминат во Канада, всушност, според нивните планови, сакале трајно да се сместат во Лос Анџелес.

Таму Меган има бројна поддршка како од мајка ѝ, така и од многу блиски пријатели со кои се дружела и пред да стане војвотка. Парот планира и да купи нова, убава куќа, каде ќе расте нивниот син Арчи, а како што наведува магазинот Пипл, немаат намера да се враќаат назад во Британија кога веќе стигнале до ЛА.

Слични содржини