Меган Маркл замина во Канада: Беше скршена и плачеше

Меган Маркл, според наводите на британските медиуми, замина за Канада. Откако ги заврши своите последни должности како војвотка од Сасекс, Меган се вратила во Канада каде што остана нејзиниот син, Арчи.

Според британските медиуми, Меган и Хари последната вечер од нивниот престој во Лондон организирале забава за сите членови на својот персонал. Забавата се одржала во хотелот Goriing, каде се собрале нивните соработници.

„Меган беше многу емотивна. Дури и заплака“, пишуваат Британците и додаваат дека војвотката била видливо тажна, дури и скршена.

Таа и Хари сакале да организираат нешто посебно за своите поранешни вработени, а и претходно знаеле да ги изненадат со забави.

Меган и Хари на 31 март престануваат да ги користат своите титули, нивното кралско височество, војводата и војвотката од Сасекс и станувааат финансиски самостојни. Ќе живеат во Канада и во Лондон.

Слични содржини