ОБСЕ/ОДИХР  на својата официјална страница објави конкурс за експерти кои треба да ги следат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули годинава.

Во објавата на официјалната интернет-страница на ОБСЕ-ОДИХР пишува дека повикот доаѓа по поканата за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5 јули 2020 година.

Во повикот се бараат кандидати за 7 позиции: раководител на мисијата, заменик-раководител, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрација на гласачите, правен аналитичар и аналитичар за медиуми.

Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.

Од повикот не е јасно дали мисијата ќе подразбира и распоредување краткорочни набљудувачи на самиот ден на гласањето.

Слични содржини