Мелничари: Цената на лебот ќе рипне поради поскапата пченицата на светските берзи

од desk4

Мелничарите ги отфрлија обвинувањата на земјоделците дека мелничко – пекарската индустрија неосновано ги зголемува цените на лебот и печивата.
Претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ за медиумите тврди дека поскапувањето на лебот мора да се случи бидејќи зависи од многу фактори.
– Главни се светските берзи каде се продава пченицата. Ги следиме глобалните текови и можам да соопштам дека имаме проблем кој не се сопира, вели Малишиќ.

Земјоделците остануваат на ставот дека нема простор за зголемување на цената на лебот и пецивата. Нивните пресметки велат дека мелничко пекарската индустрија е покриена со пченица до крајот на годинава. Дополнително, земјоделците обвинуваат дека 260 милиони килограми пченица им продале на мелницарите по според нив ниска цена, односно за 10,5 денари по килограм. Сега земјоделците велат дека доколку продолжат поскапувањата, ќе бараат да им бидат исплатени дополнителни средства за пченицата бидејќи велат дека ја продале по ниска цена знаејќи го стандардот во Македонија и потребата од поевтин леб.

Слични содржини