Мелони: Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија

од Radmila Tasevska

Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи.

Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.

Слични содржини