Меркел повика на глобална борба против кoроната и зајакнување на СЗО

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја повика меѓународната заедница заеднички да се бори против пандемијата на коронавирус и повика на соработка со меѓународните организации и СЗО.

„Само ако најдеме глобални одговори на оваа глобална закана, ќе можеме да ги победиме и ова и идните пандемии“, рече Меркел во своето редовно обраќање во саботата.

Таа рече дека германската влада ги поддржува тековните напори во борбата против коронавирусот и учествува во програмите на меѓународните организации како СЗО, ММФ и Светската банка, пренесува Хина.

Германија, исто така, се залага, додаде таа, за глобална и фер дистрибуција на вакцини и лекови.

Во своето обраќање, кое е посветено на Светскиот ден на населението на Обединетите нации, таа истакна дека зголемениот број на жители исто така бара засилени напори во борбата против предизвиците како што е пандемијата на коронавирус.

„Германската влада ги поддржува тековните напори во борбата против коронавирусот и учествува во програмите на меѓународните организации како СЗО, ММФ (Меѓународен монетарен фонд) и Светската банка“, рече Меркел.

„Германија ја започна „Програмата за итни случаи Корона“, која ја финансира испораката на потребната помош на погодените земји“, рече Меркел.

Покрај тоа, како што истакна канцеларката Меркел, Германија ќе посвети посебно внимание на вклучувањето на жените и девојчињата во развојни проекти во проекти за да им помогне на земјите во развој и да го контролираат растот на населението.

„Ние сакаме да создадеме подобри можности за кариера за жени и девојчиња преку подобро образование и со тоа да ги направиме економски независни. Како по правило, ова го зголемува правото на жените и девојчињата да одлучуваат во планирањето на семејството и со тоа да го контролираат бројот на жители“, рече Меркел.

Слични содржини