Меркел: С. Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ

од Vladimir Zorba

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел,цитирана од ДВ.

„Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“, оцени германската канцеларка.

Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

Слични содржини