Меси објави крај на војната со Барселона: Направив грешка

од Stefanija Kuzmanovska

Капитенот на Барселона, Лионел Меси објави крај на војната со Барселона, што беше главна тема на сите светски медиуми 40 дена во текот на летото.

Во обемното интервју за каталонскиот „Спорт“, капитенот на Барселона и симболот на клубот од „Камп Ноу“ истакнал дека погрешил, испраќајќи порака за помирување, извинување и единство.

„По толку многу несогласувања и конфликти, сакам конечно да ставам крај на сето тоа. Фановите на Барселона мора да се обединат и да знаат дека најдоброто допрва доаѓа. Уште поголема страст и ентузијазам е единствениот начин да се постигнат сите наши цели, секогаш обединети, веслајќи во иста насока“, изјави Аргентинецот.

Сепак, она вистинското следеше во следната реченица. Просто е неверојатно што Аргентинецот направи пресврт од 360 степени.

„Ја преземам одговорноста за моите грешки. Ако грешев, тоа го направив само за да ја направам Барселона подобра и посилна“, ги пренесува каталонскиот „Спорт“ зборовите на Меси.

Тој имаше јасна порака и за навивачите.

„Сакам да им се обратам на сите членови на клубот и на навивачите. Ако сум ги навредил на кој било начин, или сум сторил или сум кажал нешто, мораат да знаат дека тоа го правев секогаш мислејќи на тоа што е најдобро за клубот и неговите интереси“, порача Аргентинецот.

 

Слични содржини