Металург го грабна пехарот на силниот турнир во Гренобл

од desk2

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург имаше одличен турнир во француски Гренобл и успеа да се закити со првото место и пехарот, откако во финалето го совлада силниот ривал Ирун Бидасоа од Шпанија (32-31).

Тимот од Автокоманда одигра уште еден супер-возбудлив натпревар, кој се реши во самиот финиш. Избраниците на Брестовац беа помирни на крајот, па заслужено се радуваат на пехарот на традиционалниот турнир во Франција кој се игра од 2002 година.

Победничкиот гол во самиот финиш го постигна словенечкото засилување Александар Шпенде, за конечни 32-31. На овој турнир за Металург бранеше и поранешниот репрезентативец Даниел Дупјачанец.

Покрај над силниот ривал од Шпанија, Металург на овој турнир во рамки на полуфиналето славеше и над домаќинот Гренобл (27-26).

Слични содржини