МГ Фешн го поднесе барањето за градежна дозвола за објектот „Гранд“

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во денешна изјава потврди дека инвеститорите „МГ Фешн” и Македонската православна црква поднеле барање за градежна дозвола за објектот „Гранд“, односно за првата кула од 20 ката, спроти хотелот „Холидеј ин“.

„Поднесено е барање во е-урбанизам на општината, но тоа се уште не е потпишано“, појасни денес градоначалникот.

Во контекст на изградбата на зградите спроти „Холидеј Ин“, тој смета дека овој закон е лош, има низа недоречености поради кои општината може да сноси последици.

Богдановиќ кажа дека законот дозволува суспензија на плановите на 6 или 12 месеци, но исто така се дава можност по завршување на суспензијата, оштетени лица од промената на планот да поднесат тужба.

Слични содржини