Мицкоски за „Отворен ден во твојата општина“: Работиме транспарентно и отчетно, таков е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Започнуваме со еден навистина можеби за прв пат поинаков пристап до креирањето на буџетот во општините, нешто што до сега во Македонија не е направено. А тоа е да дел од средствата кои што ќе се трошат бидат практично изворно добиено како предлог од страна на граѓаните, бидејќи таа мора да биде од програмата која што вие сте ја ветиле на изборите, сте излегле пред граѓаните, тие ја поддржале и дел од тие средства се резервирани за проектите кои што се дел од програмата но и граѓаните можат да предлагаат свои проекти и свои идеи кои што би биле дел од буџетот и кои што би се реализирале следната година нешто што до сега во Македонија, никој не го направил, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тоа ќе биде овој викенд, денеска и утре, а ќе биде и следната недела бидејќи потоа мора општинските совети да ги усвојат буџетите и нормално да почнат со нивна реализација.

Транспарентно, отчетно, таков е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко кажа онаму каде што има општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ најпрво дадовме отчет пред граѓаните за тоа што се е сработено од минатогодишните локални избори до овој ноември, една година од мандатот во услови на тешка економска криза, во услови на голема опструкција од страна на централната власт, а сега веќе ги отвораме општините за да може граѓаните самите да дадат предлози кои што ќе ги реализираме во буџетот од следната година“, порача Мицкоски.

Слични содржини