Миг-21 се урна во Србија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово за време на извршувањето на редовна летачка задача во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти Министерството за одбрана.

На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежни органи. Некои медиуми објавиле дека пилотот загинал, но тие исто така навеле дека се чека официјална потврда на тие информации.

Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал „ИнфоЛо“.

„Новости“, од друга страна, пренеле дека авионот летал од Доња Борина, каде што, според сведочењето на еден од локалното население, скоро ќе се удрел во неговата куќа и продолжил кон Врасина.

Одеднаш, тој завртел во близина на рудникот во Брасин и практично паднал во дворот на Витомир Тасковиќ, локален жител. Според сведочењето на мештаните за „Новости“ се слушнал силен тресок, чад и оган.

Неофицијално, повреден е жителот во чиј двор се срушил авионот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно во телевизиски пренос од Турција рече дека има информација дека авионот кој се срушил во атарот на селото Брасина кај Лозница е стар „Миг 21“.

Фото: Данас

Слични содржини