Милановиќ: Влезот на Западен Балкан во ЕУ е понижувачки долг процес

од Nikola Popovski

Земјите од Западен Балкан се тие што не влегоа во ЕУ. Ова премногу се оддолжи и е понижувачки долг процес, за кој никој што е разумен, не може да обезбеди добро објаснување за него, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на овогодинешниот Преспа форум за дијалог, кој се одржува во Струга.

Милановиќ зборуваше и дека бил лидер на многу либерална-социјалдемократска партија.

-Сигнализиравме доблести. Многу често се чувствував како свештеник кога го зборував тоа. Пред 10 години мојата земја беше Германија во правата за ЛГБТ заедниците и малцинствата. Јас не сум веќе во таа дејност. Претседател сум на демократска република, но свесен сум дека живееме во една несовршена средина. Не сум покажувал интерес за Русите, порачал меѓу другото хрватскиот претседател во својот говор на Форумот.

Слични содржини