Милевски: Не треба да правиме пакост со шумата

од Andreja Salpe

Во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса” 12.500 садници се засадени во Крушево по повод денот на планетата земја 22-ри Април.

– Денот на планетата земја е важен за сите нас, затоа што особено за време на пандемија надлежните утврдија најголеми неправилности со сечење на шумата. Би сакал да упатам апел дека не треба да правиме пакост со шумата затоа што таа се белите дробови на секој од нас. Овој симболичен чин денеска треба да е пример особено за локалните власти и тие треба да ги поттикнуваат граѓаните да се грижат за планетата земја. Министерството за локална самоуправа константно секоја година вложува во животната средина преку проектите кои директно влијаат на ублажувањето на климатските промени во земјава, но потребни се итни мерки за незаконската сеча на шумите, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Слични содржини