Милевски: Задоволен сум од играта, но не и од завршницата на натпреварот

од Берта Китинска

Задоволен сум од играта на моите момци, но не и од завршницата на натпреварот, кажа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски по натпреварот со Исланд.

-Не паметам кога Македонија играла ваков фудбал. Никогаш не можеш да ги предвидиш индивидуалните грешки, но начинот и пристапот кој го имаа фудбалерите треба да ни биде репер како да се движиме и воедно и играта која ја покажавме денес, со исклучок на последните петнаесет минути. По првиот гол, психолошкиот момент беше тука пресуден. Што подетално се случи, тоа ќе си направиме анализа ние самите. Но, повторно ќе повторам, мислам дека на крајот Македонија незаслужено загуби два бода на ова гостување. Но фудбалот е таков, одиме понатаму, кажа Милевски.

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ремизираше со Исланд (2-2) во петтиот меч од квалификацискиот циклус за Светското првенство.

Слични содржини