Министер не пишува учебници, авторите да обрнат поголемо внимание, порача Ковачевски

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски не планира да побара одговорност од министерот за образование, Јетон Шаќири поради грешките и пропустите во учебникот по Историја и општество за 5-то одделение.

-Министер за образование не ги пишува учебниците, тоа го прават автори, a рецензија прават рецензенти. Затоа сметам дека при пишување на учебниците, авторите и рецезентите треба да обрнат поголемо внимание. Таму каде што се појавиле грешки, треба да бидат вратени и заменети со текстови напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса и како такви повторно дистрибуирани, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање при посетата на општина Пробиштип.

Слични содржини