МИОА: Ги повикуваме граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата СтопКорона, да се заштитиме себе и нашите најблиски

од Aleksandar Petrovski

Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата „СтопКорона“. Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки „СтопКорона“ е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.


– Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна! Апликацијата „СтопКорона“ , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.
Бидете одговорни за себе и одговорни за сите кои ги сакате, соопшти Министерството.

Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/

Слични содржини