Мишел: ЕУ да го одреди начинот на користење на конфискуваните средства на руската банка

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да се вклучат во дискусии за користење на конфискуваните средства на руската централна банка, во вредност од 300 милијарди долари, за обнова на Украина, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Мишел рече дека треба да се утврди начинот на управување со замрзнатите средства на руската централна банка, со цел да се генерира профит кој потоа би можел да биде наменет за обнова на Украина, наведува весникот.

„Тоа е прашање на правда и правичност и тоа мора да се направи во согласност со правните принципи“, рече Мишел, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини