Мицкоски бара избори на пролет

од Nikola Popovski

Неопходно е да има предвремени парламентарни избори бидејќи актуeлната влада е некредибилна, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“.

Според него, оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори напролет.

-Заев сега вели дека ќе останел премиер додека не постигнел договор со Алтернатива или со Бугарија , а во суштина треба да биде чесен пред граѓаните и да каже дека е во скутот на Али Ахмети и Артан Груби и дека е уценет, што практично беше условот тој да остане премиер овие осумнаесетина месеци, додава Мицкоски.

Слични содржини