Мицкоски-Едштадлер: Потребна е поголема економска и трговска соработка меѓу С. Македонија и Австрија

од Nikola Popovski

„Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остваривме средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија“, објави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Според него, на средбата се разговарало за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија.

„Мицкоски нагласи дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области“, стои во објавата на Мицкоски.

Слични содржини