Мицкоски ќе разговарал со Курц за проектот за нов клинички центар

од Vladimir Zorba

Откако владејачката СДСМ вчера го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на подмолен начин успеал да дојде до документите за изградбата на клиничкиот центар, кои му биле доставени по ветувањето дека неговите сопартијци во парламентот ќе го одблокираат Законот за изградбата на новиот Клинички центар, за истите да ги злоупотребува и да манипулира со податоци, денеска со реакција се јави првиот човек на опозицијата.

Тој рече дека владејачката партија го „поганела“ името на австрискиот канцелар Себастијан Курц и дека ќе побарал од него, како „партиски пријател“, да каже дали физибилити студијата за новиот клинички центар била договорена меѓу австриската и македонската влада и да му посочи австриски примери за вакви болнички центри.

„Го поганите името на австрискиот канцелар Курц, кој истовремено е претседател на нашата сестринска партија ОВП, наведувајќи дека тој го поддржува овој ваш криминален потфат во обид, а за време на изборите во 2016 жестоко го навредувавте и плукавте. Ви ветувам дека лично ќе разговарам со него и ќе го запознаам со овој ваш криминален потфат во обид и ќе побарам од него мислење како тоа се трошат минимум 510 милиони евра народни пари за 35 странички т.н. физибилити студија и ќе побарам да ми даде еден таков пример во Австрија за да можеме да споредуваме. Познавајќи го, се сомневам дека е вистина тоа што го пишувате во штабските соопштенија“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за минимум три пати поефтин и пофункционален проект кој ќе биде вистински одговор за граѓаните на Македонија во здравството.

„За Мицкоски тоа што Физибилити студијата е „Непостоечки проект“ всушност е направена заедно со помош на австриската влада предводена од Канцеларот Курц. Физибилити студијата е договорена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава. Таа Физибилити студија е одобрена од Националната Агенција на Австрија – АХЦ (Austrian Health Care Systems & Engineering GmbH)“, реагираа од СДСМ на вчерашното интервју на Мицкоски за јавниот сервис.

„Клиничкиот центар што требаше да го направи ВМРО ДПМНЕ беа обични интерни клиники и требаше граѓаните да ги чини 120 милиони евра.

Министерството за здравство и Владата на СДСМ во ковид пандемија, ги реновираше сите Интерни клиники за не повеќе од 1 милион евра. Математички прецизниот Христијан Мицкоски нека каже колкава разлика е тоа?

ВМРО-ДПМНЕ договор за изградба на нов Клинички потпиша со компанија која по неколку месеци, отиде во стечај! Каков ли математички прецизен договор направила претходната влада за таканаречениот нов Клинички центар?

Оваа Влада ќе изгради нов Клинички центар современ и модерен проект како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да овозможи интегриран модел на здравствена услуга.

Најреномирани европски комапнии германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот. ВМРО ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии, непостоечки проекти, да лаже и да маипулира.

Законот за изградба на новиот Клиники,предвидува независен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи девете компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води целиот проект, но немаат доблест да гласаат за законот, очигледно спасот на лидерот Мицкоски им е поважен од задравјето на граѓаните“, споделија од СДСМ за случајот.

Слични содржини