Мицкоски: Мора да има безусловна правда за сите и засекогаш во Македонија

од Vladimir Zorba

„Мора да има безусловна правда, безусловна правда за сите и засекогаш во Македонија. Тоа ќе биде нашето мото на следните предвремени парламентарни избори“, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од Центар, во рамките на Разговорите за обнова на Македонија.

Тој посочи дека многу скоро ќе излезат со деталната политичка понуда која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди пред граѓаните.

– Таа политичка понуда нема да биде тоа што денеска Зоран Заев го нуди, а тоа е понуда која што ќе содржи само празна реторика, ветувања за се и сешто практично. Тоа ќе биде понуда која што ќе содржи во себе стратегија и визија како Македонија ќе изгледа од сега за 10 години, па уште за 10 години. Тоа е програма која што практично ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја понудиме на граѓаните, а со тоа ќе понудиме и иднина, предвидлива за нашите сограѓани, вели Мицкоски.

Слични содржини