Мицкоски: Му кажав на Гаши дека прави неправилен чекор, Алтернатива ги губи вредностите

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште повтори дека не се согласува со преговорите кои ги има партијата Алтернатива за влез во Владата.

-Алтернатива ги губи вредностите со самата поддршка на Владата и тоа е непринципиелно за мене, ако веќе сте дале збор за соработка и спротивно на подадената рака, вели Мицкоски во дебатната емисија на ТВ Алсат.

Според неговите информации, Алијанса на Албанците останува позади тие заеднички вредности, што ги имаа со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

-Би сакал да работиме заедно и на централно ниво. Ние се уште не сме во коалиција, туку имаме дадено збор, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека останува во политиката и ќе се потруди да го создаде најдобриот тим, кој постоел на политичката сцена, за да ги „порази медиокритетите“.

-Постојат луѓе во политиката, за кои се прашувате дали воопшто со нив вреди да работите иста работа или не вреди воопшто да се мачите, смета Мицкоски и додава дека разговарал со Гаши, додека лидерот на Алтернатива преговарал со премиерот Зоран Заев.

-Му кажав дека не можеш да ја поддржуваш владата, а од друга страна да се убедуваме ние двајца дека тоа е исправен чекор. Не е правилно. Политички ќе имаме високи резерви во однос на тоа и ќе изградиме гард, но како пријатели можеме да останеме.

Слични содржини