Мицкоски: Образованието системски се уништува

од Vladimir Zorba

Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:

– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;

– штрајк на матурантите;

– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;

– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;

– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;

– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме.

ФБ статус на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини