Мицкоски призна дека се среќавал со Камчев

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за МИА изјави дека нема ништо криминално во разговорот што денеска е објавен на интернет во којшто се имплицира дека тој се среќавал со бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот империја додека тој бил под ПИ – мерки.

– Тоа е истиот оној разговор што веќе беше објавен. Претпоставувам дека има уште еден дел што не верувам дека им одговара да го објават. Уште ова е тоа што излезе. Таму нема ништо криминално, нема ништо инкриминирачки. Ете ниски страсти, еден приватен разговор. Да, сум бил
во болницата, и деновиве одам во болница, да не се мачат да пуштат разговори бидејќи таму е мојата мајка, ја посетувам, така што нека снимаат тие, нека следат, изјави денеска Мицкоски во интервју за МИА што ќе биде објавено во недела.

Мискоски тврди дека е цел на следење, на снимање, и за себе вели дека е „трофеј“ за поедини структури.

-Сето она кое што е инкриминирачки и криминално, противзаконско владеење, како што можевме да видиме во некои други разговори и снимки, мислам дека треба да се охрабрат обвинителите и судиите да постапуваат по тоа каде што има основани индиции за сторен криминал, посочува тој.

За лидерот на опозицијата е чудно што објавувањето на дел од овој разговор доаѓа по заканата што ја добил адвокатот на Бојан Јовановски.

Слични содржини