Мицкоски во Брисел на средби со европски лидери и учество во ЕПП

од Берта Китинска

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски од денеска во следните два дена ќе биде во посета на Брисел.

Мицкоски придружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе учествуваат на парламентарното собрание на Европската Народна Партија, брифираат од партијата.

Се очекуваат и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава, врзани со европските интеграции.

Слични содржини