МНР ја осуди објавата на видеото со палењето на бугарското знаме: Ова е евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи најостро ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи на кое е прикажано палење на знамето на Република Бугарија.

„Ова е евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Македонија“, наведуваат од МНР.

Од Министерството истакнуваат дека најкатегорично го осудуваат секој чин на сквернавење на чии било национални симболи и секој друг вид израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји.

МНР упатува апел до граѓаните да не потпаѓаат на ваквите провокации, чија намена, како што стои во соопштението, е очигледно нечесна и во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите.

Слични содржини