МНР: Запленети камиони во Украина се вратени на транспортерите од Македонија

од Маја Анчевска

Од МНР информираат дека по преземените активности камионите и стоката, кои претходно беа запленети од украинските власти, се вратени на локалните транспортери.

„Ја информираме јавноста дека по бројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката на украинските власти, камионските транспортери на граничниот пункт меѓу Украина и Полска – „Јагодине“ се вратени заедно со нивната транспортирана стока, кои претходно беа запленети од локалните власти на Украина“, се вели во известувањето на МНР.

Украинските погранични власти на 8 март  им соoпштиле на возачите  да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.

Слични содржини