МНТ ќе игра во чест на белите мантили

од Берта Китинска

По паузата од осум месеци на 14 октомври Македонскиот народен театар (МНТ)  ќе ја започне новата сезона.

-Македонскиот народен театар на првата претстава, по паузата поради пандемијата, ги поканува хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари. Претставата „Говорна мана“ ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот и за таа цел оставете ги белите мантили и уживајте во актерската игра, соопштија од театарот.

Слични содржини