МО за „Локално“: Престанокот на работниот однос на Богојески не е конечен

од Nikola Popovski

Престанокот на работниот однос на административниот службеник Петар Богојески не е конечен, велат од Министерството за одбрана (МО) за „Локално“, откако Богојески претходно информира дека добил отказ од работното место.

Според МО, Дисциплинската постапка во прв степен е завршена.

-Во постапката се утврди дисциплински престап по член 73 став (1), точка 22) од Законот за административни службеници – однесување спротивно на одредбите на Кодексот, односно повреда на член 15 ставови 2 и 3 од Кодексот за административни службеници и член 12 точки 9 и 10 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, појаснуваат од Министерството.

Богојески денес истакна дека добил отказ поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА.

-Информиран сум за изречена мерката по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Иронијата да биде уште поголема, јас сум обвинет за споделени вести за руско влијание во македонско-бугарските односи и во Македонија, нешто што го потврдија и бугарскиот и македонскиот премиер, но и низа министри и релевантни фактори, вели Богојески во изјава за ДВ.

Н.П.

Слични содржини