Модни трендови за 2020-та според Ана Винтур

од desk4

Ако некој знае и може да предвиди кои ќе бидат најголемите трендови во секоја сезона, тоа сигурно е главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Според неа, овие трендови ќе ги гледаме во 2020-та:

Рамни обувки

Винтур предвидува дека 2020-та година е одлична за сите оние кои не сакаат постојано да носат високи потпетици. Следната година ќе помине во знакот на рамните сандали, патиките, балетанките и слични обувки.

Везени детали

Еднобојни фустани, блузи и маички со везени детали ќе бидат апсолутен хит меѓу жените.

Мантил

И напролет и во следната есен, класичниот мантил ќе биде парче кое мора да го имате. Инвестирајте во квалитетен мантил и комбинирајте го на секој можен начин.

Впечатливи апликации

Маичките со испечатени апликации на нив одлично се комбинираат и со фармерки и со здолништа, под џемпер или под сако.

Женски шорц

Шорцевите беа популарни и ова лето, но ќе се задржат на високото место и следната година.

Силни бои

Купете неколку парчиња во интензивни бои и не се плашете да ги комбинирате во вашата секојдневна комбинација на модни парчиња.

Плетени торби

Тие се интересен детаљ кој може да ја оживее дури и најмонотоната комбинација на едноставни парчиња и неутрални бои.

Слични содржини