Модуларен центар со 90 кревети се подготвува во Битола

Нов ковид центар, односно три модуларни градби ќе бидат поставени во Битола каде градежната механизација почна со подготовка на терен од 1000 метри квадратни.

Овој ковид центар ќе биде стациониран на јужната страна од дворот на Клиничката болница во Битола, каде ќе има интегриран тријажен центар, а една од модуларните градби ќе има независен тријажен центар со капацитет од 90 кревети.

„Со цел интервентно да се одговори на потребата за проширување на здравствени капацитети и да се овозможи организација на просторот, во рамки на парцела на Клиничката болница, почна подготовка за поставување на модуларен Ковид центар, проект кој го реализираат Министерството за здравство и Општина Битола. Планската документација ја изработија општинските служби, локалната самоуправа се вклучи и во расчистување на теренот со ангажирана механизација на јавните претпријатија, а од денеска се врши рамнење на теренот“, информираа од Општина Битола.

Ќе овозможи ваквиот модуларен центар поголем прием и тријажа на пациенти, а во моментов на инфективното одделение во Битола хоспитализирани се 70 лица болни од Ковид 19.

 

Слични содржини