Молитви за мир во Украина: „Нека Господ ги ислуша молитвите на сите нас, нека не помилува и спаси“

од Берта Китинска

Молитви за мир во Украина се одржаа денеска во храмовите на трите најголеми верски заедници.

„Нека Господ ги ислуша молитвите на сите нас, нека не помилува и спаси, нека ни подари мир и љубов во целиот свет“, порача од Соборниот храм.

Иницијативата прифатена од трите најголеми верски заедници во земјава е предлог од Здружението на украинци во Македонија.

Меѓу верниците кои беа на молитва во Католичката Црква беше и украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук.

„Нашите желби и мисли се во Украина. Вие знаете дека е страшна војна во 21 век во Европа. Ова е страшно.“, кажа Задорожњук.

Иницијативата прифатена од трите најголеми верски заедници во земјава е предлог од Здружението на украинци во Македонија.

Претседателот на здружението на Украинци, Александар Урбанович кажа дека во Украина нема безбедно место. Во земјава има над 500 украински бегалци, чии домови се уништени, а тука се сместени кај свои роднини или пријатели.

Слични содржини