Му ги воспитува децата, остана со него кога беше обвинет за силување – но тој сè уште не го кажува судбоносното „да“

од Vladimir Zorba

Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез, со која е веќе четири години, се вљубени како и првиот ден, а се чини дека ниту гласините, ниту скандалите не успеаја да ја разнишаат нивната убов.

Иако сè уште не се одлучиле за голем чекор да ја легализираат својата љубов, нивното семејство е хармонична единица.

Нивната врска започна како од бајка. Џорџина работела како продавачка во една од продавниците на луксузната марка „Гучи“. Кристијано ја видел таму за прв пат и веднаш почувствувале некоја хемија. Неколку дена подоцна тие се сретнале на „настан“ на друг бренд.

– Едвај тогаш можевме да разговараме отворено. Бев опуштена затоа што не бев на работа. Тоа беше љубов на прв поглед, и за мене и за него – рече таа.

Сè се случи во 2016 година, а уште во 2017 година Роналдо откри дека станал татко на близнаците Матео и Ева Марија. Многумина беа изненадени што неговите деца се навистина родени од сурогат мајка, а не од Џорџина. Но, таа ги прифати како свои и не ги испушти од вид, како и неговиот најстар син Кристијано Роналдо јуниор.

Само еден месец откако се родија близнаците Роналдо и Џорџина потврдија дека очекуваат бебе. Само неколку дена пред да се породи, Родригез му посвети емотивен статус на својот партнер на социјалните мрежи.

– Каков посебен ден! Ќеназдравиме, но со малку безалкохолен пијалок. Останете секогаш онакви какви што сте, и јас ќе бидам тука, ќе ве поддржувам и ќе ви давам љубов и мир и сè што ви треба кога ќе се вратите дома. Без оглед дали деновите се добри или лоши, затоа што само така можеме да успееме – напиша таа.

Таа роди девојче Алана Мартина во ноември 2017 година, а фотографијата што ја објави по породувањето доби 11 милиони лајкови, најмногу таа година.

Една година подоцна, Роналдо беше обвинет за силување. Фудбалерот решително ги негираше сите обвиненија, а неговиот адвокат го бранеше пред судот, велејќи дека Катрин Мајорга се согласила да има секс со Кристијано и дека не сторил никакво кривично дело Истото го одлучи судот во 2019 година, а фудбалерот никогаш не беше осуден.

Таа година се шушкаше дека Кристијано и Џорџина се вериле, но тоа не се случи. Џорџина рече дека сега имаат други приоритети, но дека очајно би сакала да стане негова сопруга во иднина.

Слични содржини