Муцунски: Гласот за Левица на овие избори е глас за СДСМ

од Nikola Popovski

Јас сум правник и колку некогаш и да не ми се допаѓа правната реалност, имам обврска да го почитувам Уставот и да ги почитувам законите, но истовремено, нема таква сила којашто ќе ме натера, кога говорам, да го користам тоа име, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски на прашањето дали утре од претпоставена позиција на министер во Владата реторички ќе го користи новото уставно име Република Северна Македонија.

За очекувањата на лидерот Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ може да освои 61 пратеничко место односно апсолутно мнозинство на парламентарните избори, потпретседателот на партијата и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунсѝки вели дека „во моментот има услови за такво нешто“.

Во однос на прозивките од Левица и нивната кандидатка, Муцунски нагласи дека Левица во континуитет е опозиција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што го гледам во последниот период на дејствувањето и од кандидатот на Левица но и самиот субјект е дека имаат опседнатост со ВМРО-ДПМНЕ и раководството, а сега и со кандидатот за претседател. Тоа говори која функција Левица ја има на овие парламентарни и претседателски избори. На овие претседателски и парламентарни избори гласот за Левица и овие скриени кандидати е глас за СДС. Левица се опозиција на опозицијата кога ги гледате нивните објави и настапи се гледа страшна опседнатост со ВМРО-ДПМНЕ. Кај граѓаните се развива зрелост и го препознаваат тоа, рече Муцунски во гостувањето на емисијата на „360 степени“ на МТВ.

Слични содржини