Мурињо бесен на раководството на Јунајтед

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е лут на раководството на клубот, вели „Дејли мејл“.

Причината за гневот на Специјалниот е што Маркос Рохо и Антони Марсиал сé уште не ги обновиле своите договори со „црвените ѓаволи“. Нивните претставници се состанале со шефовите на „Олд Трафорд“ во декември, но нема развој.

Договорите на двајцата истекуваат летото 2019 година, при што францускиот репрезентативец е исклучително навреден од односот кон него. Мурињо, исто така, верува дека соблекувалната може да се подели поради високите плати на некои од неговите фудбалери.

Се работи за Пол Погба, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, кои имаат највисоки плати во Јунајтед и имаат долгорочни договори.

Слични содржини