Мурињо: Јунајтед да се инспирира од Федерер

од Vlatko K

Жозе Мурињо ги повика своите играчи да земат инспирација од Роџер Федерер, кога ќе се соочат со Јанг Бојс во Лигата на шампионите вечерва.

Дуелот во Берн ќе се одржи на вештачка трева, што сепак не треба да послужи како изговор за Манчестер Јунајтед, а играчите ќе се прилагодат на различните подлоги, како легендата на тенисот.

„Не сакам да го користам ова пред натпреварот како оправдување, освен ако не играме добро. Секој знае дека ќе биде поинаку. Она што требаше да го кажам, го кажав на состанокот на УЕФА во Женева“, започна тренерот на Јунајтед

„За пример ќе дадам дека сме во Швајцарија, домот на еден од најголемите тенисери. Сигурен сум дека и понекогаш не бил задоволен од подлогата, но сепак мора да игра и да победи. Секој знае која е неговата омилена подлога, но тој победува дури и на оние кои не му се допаѓаат толку многу, па ние треба да го сториме истото“, рече Мурињо.

Антонио Валенсија ќе го пропушти судирот за да избегне проблем со коленото токму поради вештачката треба. Лук Шо, сепак, е на линија откако се опорави од потрес на мозокот на натпревар за Англија.

Слични содржини