МВР: Нема кражба на струја во ГТЦ за копање биткоини

од Nikola Popovski

Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ “имало поставено машини за копање крипто валути” односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути, информираат од МВР за „Локално“ по повод полициската акција во подрумските простории на ГТЦ.

Според податоците, полициски службеници веднаш излегле на лице место согласно пријавата, извршиле разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдиле дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик.

-Во август 2021 година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ, стои во дописот на МВР.

Слични содржини